18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМали совети кои ќе ве направат подобар работник

Мали совети кои ќе ве направат подобар работник

Да се биде добар работник не значи дека треба да му се улизувате на шефот. Направете тој да биде успешен пред вас. Развивајте се како индивидуален професионалец, но не заборавајте дека сте дел од тим кој треба да напредува.

Особено доколку работите во приватна компанија, не заборавајте, ваша работа е да му помогнете на шефот да биде што поуспешен и да му го олесните секојдневието. На тој начин ќе ги стекнете неговите симпатии, а со тек на време тој ќе стане ваш ментор, пишува Lifehacker.

1. Запознајте го својот менаџер

Вие нема да можете да го направите неговиот живот полесен доколу не знаете што тој всушност работи. Првиот чекор е да сфатите што му е потребно од вас и кој е најдобриот начин да го направите тоа. Значи, дали сака забелешки во пишана форма или усно, Excel или Powerpoint, дали сака информации на состанокот, преку мејл или на домашна адреса.

2. Препознајте ги целите на шефот

Ваша цел е да разберете се за што е одговорен вашиот шеф, од бројки и проекти до цели и идеи. Вклучете се и предложете му на шефот да сподели дополнителни информации со вас со цел да му помогнете.

3. Не дозволувајте некој да го „насамари“ вашиот работодавец

Она што лицата на високите позиции најмлаку го сакаат се изненадувањата. Доколку воочите дека вашите клиенти прават нешто што не би требало, известете го шефот навремено. Во спротивно тој може да биде непријатно изненаден и веројатно не премногу задоволен од вас. Таквите непријатни изненадувања создаваат фрустрации и хаос кои одземаат многу време и енергија. Доколку го спречите тоа вашиот работодавец ќе биде многу задоволен.

4. Не му досадувајте на шефот

Ниту еден шеф не сака да му биде бебиситер на вработениот. Доколку имате прашања за здравственото осигурување, каде се пенкалата или како се поднесува извештај за трошоците, прашајте некој колега. Шефот само прашувајте го за важни и јасни прашања кои се во врска со соработката или работењето директно.

5. Внимавајте на роковите

Кога ќе добиете задача особено внимание обрнете им на роковите. Секогаш бидете сигурни дека задачата ќе ви биде завршена пред крајниот рок. Оставете си малку време за проблемите кои никнуваат во последните секунди.

6. Претставувајте решенија, не проблеми

Размислувајте проактивно и покажете се како личност од акција. Значи, немојте да влегувајте во канцеларијата на шефот жалејќи се дека некој сектор постојано доцни. Наместо тоа, одете во тој сектор и зборувајте со одговорните лица. Потоа на шефот претставете му ги акциите кои сте ги преземале.

7. Држете се до ветеното

Ако сте кажале дека се ќе завршите во петок, тоа значи дека во петок веќе се треба да ви биде завршено и ниту ден покасно. Шефовите најмногу ги сакаат вработените на кои можат да се потпрат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП