12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad се пофали со резултати најдобри за последната деценија

Etihad се пофали со резултати најдобри за последната деценија

Авиокомпанијата „Etihad Airways“ во претходната година постигна најдобри резултати од 2009 година кога станува збор за точноста на заминувања и пристигнувања на летови.

Како што објаснуваат во оваа компанија од Обединетите Арапски Емирати, тој параметар, се пресметува врз основа на реалното време на заминување и доаѓање на летовите, со отстапка од 15 минути во однос на официјалниот ред на летање, а во предвид се земаат и низа надворешни фактори како што се временските услови и пополнетоста на воздушниот простор.

„Во 2017 година авиокомпанијата вкупно во рамките на својата мрежа на дестинации на време остварила 82 проценти од заминувањата и 86 проценти од пристигнувањата, резултат кој „Etihad“ го става меѓу најдоверливите авиокомпании во светот во 2017 година“, велат во оваа компанија.

OTP за заминувањата од аеродромот Абу Даби изнесува 79 проценти, а за пристигнувањата 89 проценти.

Компанијата во таа година, наведуваат, ја унапредила точноста на летови за три процентни поени во однос на претходната година.

Како што наведуваат, бројот на превезени патници годишно пораснал во однос на претходната година, на повеќе од 18,6 милиони патници кои летале со „Etihad“ во 2017 година.

Инаку, оваа компанија се наоѓа меѓу првите 20 најбезбедни авиокомпании во светот според оценката на престижниот портал AirlineRatings.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП