24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако кризата го нагризува најстариот занaeт на светот

Како кризата го нагризува најстариот занaeт на светот

news_43083

„Ова се тешки времиња“, тврди Деби, проститутка од западна Англија.

Деби има двајца или тројца муштерии дневно, дури трипати помалку од пред една година. Таа била приморана дури да ја намали и цената.

„Да имав други приходи ќе престанев со работа“, вели таа.

Вивиен работи како деловна придружничка неколку пати неделно, иако по професија е фотограф. Сепак сексот стана луксуз!

„ Храната е многу поважна, хипотеката исто така, нормално и горивото и другите основни трошоци за живот. Конкуренцијата никогаш не била поголема, а цената е се пониска“, тврди таа.

Опасноста во овој бизнис никогаш не била поголема. Во се поактивната потрага за муштерија проститутките наидуваат на многу опасни луѓе, па така само од јули минатата година биле пријавени 310 случаи за насилство над нив.

Проблемите кои го погодија најстариот занает во светот се само одраз на економската слика на Велика Британија. Сепак давателките на овие услуги се надеваат на подобри времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП