ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена листата со најдобрите земји за живот

Објавена листата со најдобрите земји за живот

Светскиот економски форум ја објави листата од 103 земји во транзиција според индексот на инклузивен развој, кој ја покажува развиеноста на националните економии според животниот стандард, одржливоста и (не)еднаквоста, а вчера во Давос беше претставена листата „Најдобрите земји“ за 2018 година.

Од земјите во регионот кои успеаа да се квалификуваат Хрватска е на најдоброто место – 50-то, Словенија на 53-то, а Србија на 78-то. Од земјите во ЕУ пред Хрватска се Полска на 32-то место, Чешка на 33-то и Унгарија на 38-то, а заостануваат Романија на 54-то, Бугарија на 56-то и Литванија на 59-то.

Листата „Најдобри земји“ која ја предводат Швајцарија, Канада и Германија, настана така што 21.117 испитаници од 36 држави рапоредени по целиот свет, оценувале вкупно 65 својства кои се користат да се опише некоја земја и кои се релевантни за успехот на модерните држави. Тие 65 карактеристики авторот на истражувањето „US News & World Report“ ги распореди во осум подгрупи врз сонова на кои е пресметан рејтингот на секоја земја.

Листата „Најдобрите земји“ можете да ја погледнете ТУКА.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП