1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците конечно го зголемија извозот во Русија

Германците конечно го зголемија извозот во Русија

Извозот на Германија во Русија минатата година порасна за прв пат од 2012 година, поради закрепнувањето на руската економија, покажаа објавените официјални податоци.

Германските компании од јануари до ноември 2017 година на Русија и продале стока во вредност од 24,1 милијарди евра, при што е забележана особено силна побарувачка за машини и автомобили, покажуваат податоците на германската Канцеларија за статистика, пренесува агенцијата Ројтерс.

Станува збор за 21-процентен раст на извозот во однос на 2016 година и за првиот скок на извозот од 2012 година, кога германскиот извоз во Русија достигна 38 милијарди евра, по што започна да опаѓа поради економската криза во Русија која дополнително ја влошија санкциите.

Увозот на Германија од Русија исто така пораснал минатата година, искачувајќи се за 19 проценти на 28,6 милијарди евра, поради зголемената побрувачка за руските нафта и гас.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП