22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во деловните објекти во Европа бележат рекорд во 2017-та

Инвестициите во деловните објекти во Европа бележат рекорд во 2017-та

Обемот на инвестициите во деловен простор во Европа достигна рекордно високо ниво од 286 милијарди евра во 2017-та година, покажуваат податоците на глобалната консултантска компанија „CBRE“.

Тоа претставува раст од 9,3% во однос на 2016-та година, кога вкупниот обем на инвестициите бил 261,5 милијарди евра.

Значителен поттик на пазарот на деловен простор во Европа дава зголемувањето на обемот во Велика Британија и покрај „Brexit“, како и речиси рекордното претставување на пазарот во Германија. Инвестициите на Островот и во најголемата европска економија достигнуваат 72 милијарди и 57 милијарди евра, а растот е соодветно 11,6% и 8,4% за годината.

Значителното зголемување на трансакциите во Велика Британија се должи на неколку големи зделки од над 1 милијарда фунти, забележува компанијата во својот извештај.

Повеќето европски пазари остварија добри перформанси, па скандинавските земји, Австрија, Италија, Холандија и земјите од Централна и Источна Европа постигнуваат рекордни инвестиции.

Во Холандија на пример волуменот достигнува 19,5 милијарди евра, што претставува раст од 42,7% во однос на 2016-та година – нов рекорд за пазарот.

Портфолиото трансакции и корпоративни превземања доминираат на пазарот на деловен простор во Европа во 2017-та година. Меѓу позначајните трансакции е онаа на „Logicor“ со вредност од 12,3 милијарди евра со купувачот „China Investment Corporation“, како и договорот за „IDI Gazeley“ во вредност од 2,4 милијарди евра со купувачот на „Global Logistics Properties“.

Овие трансакции ја покажуваат зголемената активност во спојувања и превземања во индустријата и логистичкиот сектор. Трендот ќе се задржи и оваа година, а се очекува да се префрли и во сегментот на комерцијални области, особено во услови на претстојното завршување на трансакцијата за „Westfield“.

Инвестиционата активност во европската индустрија и логистика достигна рекордни 42,5 милијарди евра во минатата година, објави компанијата. Ова е 67% повеќе отколку во претходната 2016-та година.

Кај деловните простори вкупниот обем на инвестициите е 114,5 милијарди евра, што е за 4,4% повеќе во однос на 2016-та година и речиси колку рекордни резултати остварени во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП