13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со температура до 10 степени

Облачно време со температура до 10 степени

Денеска претпладне ќе има значителна облачност особено на север и на запад, а попладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, информира УХРМ. Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде  во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а најстудено ќе биде утре наутро. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Од утре кон викендот ќе дува претежно јужен ветер и ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини. За време на викендот се очекува краткотрајно наоблачување без врнежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП