4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата најави поригорозна контрола на трошењето на јавните финансии

Владата најави поригорозна контрола на трошењето на јавните финансии

Владата по предлог на Министерство за финансии на вчерашната седница го усвои годишниот извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола за 2016 година.

„Во однос на оваа точка, функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола, членовите на Владата констатираа слабости во однос на работата на внатрешните ревизии и контрола на јавните финансии на централно и локално ниво“, соопшти Владата.

Од таму додаваат дека на седницата е усвоен заклучок да бидат преземени соодветни и поригорозни мерки за да се подобри ефикасноста на контролата на трошењето на јавните финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП