23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие работат и ноќе и во недела

Тие работат и ноќе и во недела

rabota5

Во рамките на Европската унија, Словачка има најголем процент на работници кои редовно работат ноќе и во недела, предупредуваат статистичките податоци на Европската унија.

Речиси една петина (19,1 процент) од вработените во Словачка, поради работата, редовно го пропуштаат неделниот ручек со фамилијата, покажуваат податоците на Еуростат за 2012 година.

Речиси 15 проценти од вработените последниот ден од неделата се на работа, пренесува агенцијата Франс прес.

Во сабота на работа е речиси секој четврти вработен (25 проценти) од жителите на Словачка, а некогаш овој процент достигнува и 29,4 проценти.

Во сите земји на ЕУ работната сабота е почеста од работната недела. Во сабота на работа најчесто се Грците, Романците и Италијаните и тоа речиси една третина од нив, се вели во извештајот на Еуростат.

Работењето во недела е најмногу присутно во Словачка, а веднаш зад неа се наоѓаат и Британија и Холандија. Редовните работни саботи и недели најмалку се застапени во Португалија (7,3 односно 4,1 проценти).

Викендот поминат на работа во Словачка повеќе се однесува на мажите отколку на жените. Во сабота редовно работи секој четврти вработен маж. А во недела на работа се 21 процент од мажите.

Еуростат предупредува дека Словаците имаат највисок удел во Унијата во однос на ноќната работа.

Во ноќната смена редовно оди речиси секој шести работник од Словачка (16,2 проценти), а повремено шест проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП