17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто се е потребно за продуктивна работна недела

Што се е потребно за продуктивна работна недела

Продуктивната работна недела најмногу зависи од тоа на што сте фокусирани секој ден, односно колку време поминувате во спроведувањето на активности кои се најважни за доборото работење.

Ако многу работите, тоа не значи дека сте најпродуктивни, а на кој начин можете да постигнете да имате што попродуктивна работна недела ќе ви објасни „Entrepreneur“…

1. Престанете да планирате, започнете да работите

Освен кога се работи за неделните или месечните планирања, ако планирате во времето кога би требало да работите, работата или нема да биде направена или ќе треба некој друг да ја направи. Затоа, не одложувајте туку фрлете се на работа.

2. Не морате да кажете „да“ на секое барање

Како што вели и Ворен Бафет „Разликата меѓу успешните и многу успешните луѓе е тоа што многу успешните велат „не“ на повеќето работи“. Иако често полесно е да кажете „да“, секој пат кога ќе се сложите со нешто што не ви овозможува добри резултати, губите контрола нас распоредот.

3. Не мора да бидете перфекционисти

Ако цело време сте перфекционисти, ќе ви треба подолго време да ги завршите задачите и ќе бидете помалку продуктивни. Премногу време ќе трошите на една задача, па несвесно ќе ги занемарите другите одговорности.

4. Исфрлете се од главата

Не се потпирајте толку на меморијата бидејќи може да ве изневери кога тоа ви е најважно. Наместо а се потпирате на сопствената меморија, земете пенкало во рака и запишувајте ги нештата.

5. Посветете им внимание и вреднувајте ги достигнувањата

Пред да започнете со новата работна недела, прегледајте ги достигнувањата од претходната недела, но и оние пропуштените нешта. Така од недела во недела ќе бидете попродуктивни, бидејќи ќе сфатите кои нешта најчесто ги попуштате и во кои нешта имате најголеми достигнувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП