30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на Mercedes CLS, крај за Shooting Brake

Започна производството на Mercedes CLS, крај за Shooting Brake

Новиот „Mercedes CLS“ имаше светска премиера во ноември 2017-та, на саемот за автомобили во Лос Анџелес, а два месеци подоцна започна сериското производство на новиот модел.

„CLS“ се изработува во истата фабрика во која веќе се произведува лимузината и караванот „E Сlasѕ“, но и трите верзии на „S Сlasѕ“ – лимузина, купе и кабриолет. Покрај тоа, во оваа фабрика излегуваат околу 200 нови автомобили на „Mercedes“, се произведува и суперлуксузниот „Mercedes-Maybach“ и спортскиот „Mercedes-AMG GT“.

Новиот „CLS“ е трета генерација на купе лимузината „Mercedes“ која прв пат се појави за 2003-та. Подоцна беше претставена и верзијата „Shooting Brake“ од која германскиот производител во меѓувреме се откажа поради помалата побарувачка, па купувачите на располагање ќе имаат само лимузина како опција.

Во почетокот во понудата ќе бидат три мотори – два дизели и еден бензинец. Бензинската опција е застапена од „CLS 450 4MATIC“, со шестцилиндарски мотор од 370 ks и 500 Nm. Oвој мотор има поддршка во вид на т.н. „благ“ хибриден погон, кој се состои од електричен систем од 48 волти, кој по потреба вбризгува дополнителна инекција од 22 ks и 250 Nm.

Двата дизели исто така користат 3.0 литарски мотор со 6 цилиндри. Во помоќниот, „CLS 400d“ погонската единица испорачува 340 ks и 700 Nm, a во послбата, „CLS 350d“ произведува 286 ks и 600 Nm. Фабрички декларираната потрошувачка на двете верзии е 5,6 l/100 km.

„Mercedes“ во половината на јануари претстави и спортска верзија „CLS 53 AMG“. Срцето на погонот на овој автомобил го сочинува 3.0 литарски би-турбо бензинец со 6 цилиндри, 435 „коња“ и 520 Nm максимален вртежен момент.

Бензинскиот мотор е поврзан со „EQ Boost“ стартер-алтернатор, кој по потреба, моментално вбризгува дополнителна моќ (22 ks) и вртежен момент (250 Nm), a кој се наоѓа помеѓу бензинецот и преносниот систем.

Погонскиот систем на сите три модели е поврзан со деветбрзински автоматски менувач „AMG Speedshift TCT 9G“, a моќта се испраќа на сите 4 тргкала по пат на „4Matic+“ системот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП