25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТоп 10 најскапи американски компании

Топ 10 најскапи американски компании

„Alphabet“ – компанијата мајка на пребарувачот „Google“, веќе е втората американски јавна компанија, чија пазарна капитализација ја минува границата од 800 милијарди долари, на тој начин се приклучи кон производителот на „iPhone“ – „Apple“.

Цената на акциите од класата „А“ на „Alphabet“ вчера се зголеми за 1,8% и достигна 1.164 долари.

Во меѓувреме „Microsoft“ ја помина границата од 700 милијарди долари според пазарната оценка, што пак ја направи компанијата третата, која го постигнала тоа, по „Alphabet“ и „Apple“. Вчера акциите на „Microsoft“ поскапеа до 91.61 долари за акција, или со 1,79 отсто во однос на претходниот ден.

Од почетокот на годината „Alphabet“ додаде 74 милијарди долари кон пазарната оценка, додека зголемувањето кај „Microsoft“ е од 43 милијарди долари. Кумулативниот раст кај двете компании за првите три недели од годината веќе е 117 милијарди долари, пресметуваат од „WSJ“.

„Apple“ ја премина границата од 700 милијарди долари во февруари 2015-та година, а минатата година прво ја зголеми пазарната вредност од над 800 милијарди долари, а подоцна и над 900 милијарди долари. Тоа се случи набргу откако „Alphabet“ го помина нивото од 700 милијарди долари според пазарната капитализација.

Информативниот технолошки сектор од „S & P500“ додаде 42% во 2017-та година, поради што многумина аналитичари беа натерани да ги споделат своите очекувања за евентуална корекција во оваа година.

Тоа во моментов не се случува, а технолошките акции бележат од почетокот на годината една од најдобрите презентации за сите времиња.

Потсетуваме дека на 8-ми јануари „Amazon“ за прв пат во својата историја ја помина границата од 600 милијарди долари.

Неодамнешното зголемување кај „Microsoft“ се должи на фактот дека софтверскиот гигант продолжува да смета на облачните услуги, што е еден од најголемите приоритети на компанијата.

Растот кај „Alphabet“ доаѓа во позадина на се повисоките трошоци од страна на оние кои се рекламираат на платформите на компанијата. „Google“ и „Alphabet“ во моментов држат 2/3 од вкупните дигиталните трошоци на реклама, покажуваат податоците на „eMarketer“ за 2017-та година.

Во првите денови од 2018-та година акциите на „Facebook“ забележаа пад, откако дел од аналитичарите сметаат дека последните промени во социјалната мрежа можат да доведат до одлив на оние кои даваат пари на реклами и пад на нејзините приходи.

Според последните податоци пазарната капитализација на топ 10 најскапи американски компании веќе е 5,6 илјади милијарди долари. Сепак останува да видиме дали „Apple“ ќе ја оствари пазарната оценка од 1.000 милијарди долари во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП