28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЖелезнички компании во Германија итно бараат работници, нудат плати над 2.000 евра

Железнички компании во Германија итно бараат работници, нудат плати над 2.000 евра

Во Германија во моментот во тек е вистински бум кога во прашање е приватизацијата на железницата. Имено, покрај државната железница „Дојче бан“, во моментот има уште 300 приватни компании што се вклучени во железничкиот сообраќај, и тоа како во патничкиот така и во товарниот.

На пример, во Штутгарт в година повеќето од регионалните пруги и патничкиот сообраќај ќе ги преземе компанијата „Го ахед“. Сите овие приватни компании имаат една заедничка работа – итно бараат работници – инженери и кондуктери.

Така, од „Дојче бан“ во Минхен итно бараат од 50 до 100 кондуктери, пренесуваат регионалните медиуми. Исто така, „Метроном“, „Агилис“, ОДЕГ, „Ландербан“, Го ахед“ и многу други превозници бараат кондуктери и инженери.

Курсот за кондуктери трае три месеци, а за инженери и контролори на шините трае осум месеци. Бруто-платата на кондуктерите во северниот дел на Германија е околу 2.050 евра, а на југот на Германија околу 2.650 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП