22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМексико и Турција се најатрактивни пазари во развој за 2018-та

Мексико и Турција се најатрактивни пазари во развој за 2018-та

Оваа година, најатрактивните пазари во развој ќе бидат оние во Мексико и Турција. Ова го покажува анализата на „Блумберг“ врз основа на индикаторите, вклучувајќи економски раст, приходи, вреднување на средства, статус на тековната сметка, и многу повеќе.

Според податоците, Турција и Мексико се во првите редови, бидејќи нивните реални девизни курсеви се поконкурентни од просекот во текот на изминатите десет години.

Последните пет места на дното на рангирањето се за азиските економии. Најлошо претставените две земји се Кина и Индија, а нивниот економски раст веројатно нема да биде толку брз како во изминатата деценија.

„Ако сакате да купите нешто сега, Турција и Мексико се пример, бидејќи се релативно евтини“, изјави Такеши Јокучи, менаџер на берзата кон „Daiwa SB Investments Ltd“.

Петгодишниот принос на државни обврзници во Турција изнесува околу 13%, а Мексико – 7,5%. Двете земји ја надминуваат Индија (7,3%), што е, исто така, азиската земја е со најдобри резултати на овој репер. За споредба, приносот на кинески обврзници изнесува 3,9%. Иако според Јокучи азиските земји може да го немаат потенцијалот на Турција и Мексико, валутите и средствата во регионот се очекува понатаму да останат стабилни.

Истражувањето опфаќа 20 од 24 индекси на новите пазари на „MSCI Inc“. Грција е исклучена поради тоа што го користи еврото, а Катар, Египет и Пакистан не се присутни поради недоволните податоци.

Во последните шест месеци турската лира ги забележа најлошите перформанси во однос на доларот најмногу поради политичките тензии меѓу Анкара и Вашингтон. Мексиканското пезос пак е втората најлошо претставена валута поради тековните дебати околу северноамериканскиот договор за слободна трговија (Nafta).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП