3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ќе ги открие банкарските тајни

Швајцарија ќе ги открие банкарските тајни

shvajcarija1

Земјата со двe вековна традиција на грижа за банкарските сметки на богатите клиенти кои сакаат анонимност, по отстапката што ја направи за американските власти, сега се најде пред слични барања од Европската унија.

Една година откако швајцарските банки беа приморани да ги откријат податоците за американските клиенти кои избегнуваат данок, сега се чини дека ќе мора да ги откијат и оние од Европа.

Европската унија, која е уверена дека губи повеќе од илјада милијарди евра годишно, бидејќи нејзините граѓани со тајни банкарски сметки во Швајцарија го избегнуваат плаќањето на даноците, го подигна гласот против оваа практика.

„Сумата која ја губиме е сто пати поголема од кредитот за Кипар за кој неодамна преговаравме“, забележува претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј.

Притисокот врз Берн е зголемен откако Луксембург и Австрија, членки на ЕУ, се сложија да ги споделат со останатите податоците за банкарските сметки на нивните клиенти, но под услов и земјите надвор од Европа, како што е Швајцарија, да го сторат истото. Експертите велат дека отстапките се неизбежни, иако не очекуваат дека тие ќе се случат преку ноќ.

Швајцарија постигна договор со Германија и Британија кој им овозможува на граѓаните да плаќаат даноци без да им биде откриен идентитетот. Но швајцарските банки се поврзани и со политичките скандали во Франција, Грција и Шпанија, каде се испостави дека, додека земјите се борат со кризата и превземаат мерки за штедење, богаташите се обидуваат своите милиони да ги заштитат на страна и да не плаќаат даноци. Европската комисија затоа сака Швајцарија да ја прифати автоматската размена на банкарски податоци.

Барањето ги подели Швајцарците. Додека една половина верува дека на швајцарската банкарска тајна и дошол крајот, останата половина не е подготвена лесно да се предаде. Бидејќи, како што велат, последиците може да бидат фатални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП