2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТројанецот Liftoh го користи Skype за да се шири

Тројанецот Liftoh го користи Skype за да се шири

skype-trojan-biohazard

Корисниците на „Skype“ или некоја друга „IM“ програма кои ќе добијат скратен линк би требало да бидат внимателни затоа што постои можност во „заседа“ да чека нов Тројанец наречен „Liftoh“, предупредија експертите од „Symantec“.

„Downloader.Loftoh“ е Тројанец кој ги превзема дополнителните малвери, а тоа корисникот на заразениот компјутер неможе ни да го забележи.

Новата верзија на овој Тројанец е откриена на почетокот на овој месец и засега ги инфицира компјутерите во  Латинска Америка. Сепак ваквата географска дистрибуција немора да значи дека овој вирус ќе остане само таму, па поради тоа треба да се има мала доза на претпазливост.

Верзијата на малверот „Downloader.Liftoh“ праќа пораки на шпански наместо на англиски. Авторите за негова дистрибуција користат„ Skype“ како и други „IM“ програми кои се популарни меѓу корисниците.

Жртвата добива порака од некој кој е на листата на контакти. Текст-пораката е на шпански, а во неа се наоѓа линк кој е скратен со помош на неколку сервиси за скратување на „URL“, вклучувајќи ги и „goo.gl“, „url9.de“, „fur.ly“, „bit.ly“ и „is.gd“.

Доколку потенцијалната жртва кликне на линкот се пренасочува на интернет страната „4shared.com“.

На таа страна на корисникот му се нуди да превземе „zip“ докмумент кој содржи „Downloader.Liftoh“ и кој е маскиран како легитимен документ.

Кога корисникот ќе го распакува „zip“ документот ќе види дека во него се наоѓа „exe“ документ.

Со стартување на „exe“ документот „Downloader.Liftoh“ успешно се инсталира на компјутерот и тој и натаму продолжува да превзема нови малвери.

Според податоците на „Symantec“ на малициозните линкови досега кликнале повеќе од 170.000 корисници.

Иако Тројанецот „Liftoh“ засега е крижа само за корисниците во Латинска Амеркиа, малверите непознаваат граници. Напаѓачите кои стојат зад овој Тројанец можат многу лесно го променат и тој да се појавува на повеќе јазици за корисниците во други земји.

Па затоа експертите на „Symantec“ ги советуваат корисниците да бидат внимателни со линковите и документите иако изгледаат дека им ги испраќа некој кој им е познат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП