23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците секој ден се побогати, не можат да ги потрошат парите

Германците секој ден се побогати, не можат да ги потрошат парите

Благодрение пазарот за труд кој е повеќе од стабилен и континуираниот економски раст, граѓаните на Германија во изминатите години можеа да заштедат повеќе од вообичаено.

Според актуелните податоци за третиот квартал од 2017 година, имотот и средствата на Германците се зголемиле за 1,2 проценти и сега изнеусваат 5,779 милијарди евра, како што соопшти Германската сојузна банка.

Се очекува дека податоците за крајот на 2017 година ќе покажат дека имотот надминал сума од шест милијарди. Во таа сума е вклучена вредноста на готовината, акциите и животното осигурување, но не и недвижнините.

Граѓаните на Германија би можеле да бидат уште побогати доколку инвестираат во акции. Но Германците сеуште најмногу веруваат во сигурните и брзо достапни облици на штедење како штедните книшки или тековната сметка кои сепак во моментов, поради рекордно ниските камати, не донесувааат никаков профит.

Инвестирањето во акции, па дури и оние со ниско ниво на ризик и понатака се избегнува.

„Германците се уште се далеку од обликот на штедење кој донесува долгорочна добивка“, се вели во заклучокот на неодамнешната студија на концернот Allianz.

Поради лесниот пораст на инфлацијата, класичните штедачи дури и губат пари, а Allianz тврди дека на овој начин Германците минатата година загубиле меѓу 35 и 38 милијарди евра. Од друга страна, ниските камати и понатака обилно ги користат граѓаните кои сакаат да инвестираат во недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП