13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА100 милијарди долари за Саудиска Арабија од страна на уапсените за корупција

100 милијарди долари за Саудиска Арабија од страна на уапсените за корупција

Саудиските власти најверојатно ќе соберат над 100 милијарди долари од договори со десетиците членови на кралското семејство и бизнисмени кои се осомничени за корупција, информира „Bloomberg“, повикувајќи се на висок државен службеник.

Преговорите со осомничените, кои се приведени во луксузниот хотел „Ritz Carlton во Ријад“, се очекува да завршат до крајот на месецот, а оние кои не успеале да склучат договори, ќе бидат предадени на обвинителството, според истиот извор, кој побарал анонимност.

Властите веќе постигнале договор за отфрлање на обвиненијата на околу 90 осомничени кои се ослободени, изјави во интервјуто од хотелот вчера главниот обвинител шеикот Сауд Ал Моџеб.

Околу 95 други се уште се во „Ritz“, меѓу кои и петмина кои размислуваат за предлозите за договор со државата. Останатите ги разгледаат доказите што им ги дадоа, вели тој.

Хотелот ќе прифаќа резервации од 14-ти февруари – повеќе од три месеци откако стана луксузен затвор за најбогатите луѓе во кралството, меѓу кои и принцот милијардер Алуалид бин Талал.

Чистката, предводена од престолонаследникот Мохамед бин Салман, имаше одек во салите за состаноци, на финансиските пазари и во светските метрополи, каде банкарите, аналитичарите и дипломатите се обидуваа да го ценат нејзиниот ефект врз најголемата арапска економија.

Ал Моџеб, кој одбил да разговара за индивидуални случаи, ја заштитил истрагата од критиките за недостаток на транспарентност при процесот на одредување на плаќањата за одрекување на слободата.

„Ние сме во новото време“, вели тој. „Корупцијата ќе биде искоренета. Антикорупциската кампања нема да запре“.

Договорите што треба да се склучат се комбинација од готовина, недвижен имот, акции и други класи на имот, според изворот на „Bloomberg“. Малкумина од оние кои сé уште се притворени во хотелот се очекува да постигнат договор со властите, рече тој.

Вкупно околу 350 лица се повикани поради сомнение, бидејќи кралот Салман нареди истрага за корупција на 4-ти ноември. Многумина беа поканети како сведоци или да обезбедат информации, од кои некои поминаа само неколку часа или помалку во хотелот „Ritz“.

Тековните гости на хотелот имаат пристап до бањата, фитнес и боречка. Во ресторанот се служи разновидна кујна и може да се грижи за сите посебни нутритивни барања.

Ал Моџеб рече дека сите осомничени имале пристап до адвокат, иако многумина одлучиле да направат доброволни договори. За ослободените лица, нема ограничувања за движењето.

„Кралската заповед беше јасна“, вели тој. „Обвинувањата против оние кои ќе се покајат и се согласуваат на договор ќе бидат поништени“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП