2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил ќе отпише долг од 900 милиони долари на африканските земји

Бразил ќе отпише долг од 900 милиони долари на африканските земји

 br

Бразил ќе отпише долг од 900 милиони долари на африканските земји, најавија бразилските власти за време на прославата на 50-годишнината од Африканската унија.

– Стратегијата на бразилската политика е реализација на специјални врски со Африка, изјави во Адис Абеба Томас Трауман, портпарол на бразилската претседателка Дилма Русеф.

Најголема корист од оваа мерка ќе има Конго, кому ќе му бидат отпишани 352 милиони долари и Танзанија, која на Бразил му должи 237 милиони долари.

Со оваа мерка се опфатени вкупно 12 африкански земји меѓу кои Брегот на Слоновата Коска, Габон, Гвинеја, Гвинеја Бисао, Сао Томе и Принципе и други.

Бразил се одлучил на таква мерка за да ги динамизира економските односи со Африка, континент кој во моментот бележи најголем економски раст во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП