17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, максималната температура до 6 степени

Денес променливо облачно, максималната температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во северните и источните делови сè уште ќе има провејување на слаб снег.

Преку денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со умерена облачност, извести УХМР. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, каде на места ќе достигнува брзина и над 70км/ч. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно време, попладне сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Од утре до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во интервал од -9 до -2 степени, а дневните ќе бидат во постепено покачување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП