19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкстракцијата на нафта во САД може да ја надмине онаа на Саудиска...

Екстракцијата на нафта во САД може да ја надмине онаа на Саудиска Арабија

Постојаното растечко производство на сурова нафта во САД може наскоро да го претекне ова на Саудиска Арабија, оспорувајќи го првото место на Русија. Ова станува јасно од месечниот извештај за нафтениот пазар на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), цитиран од весникот „Wall Street Journal“.

Очекувањата се во 2018-та година производството на САД да достигне над 10 милиони барели дневно, бројка невидена од 70-тите години, па наваму, покажуваат податоците. Прогнозата на „ИЕА“ е за 10,4 милиони барели дневно, зголемување во износ од 260.000 барели, што се должи во голема мера на скорешното зголемување на цените на „црното злато“.

Од агенцијата велат дека во текот на изминатата година производството забележа раст во земјите надвор од ОПЕК, на чело со САД, компензирајќи ги намалувањата во производствениот картел и некои други земји.

Минатата година ОПЕК, како и десет други производители на нафта, заедно со Русија – која во 2017-та година произведуваше околу 10,9 милиони барели дневно, се согласија да го ограничат производството со близу 2% до крајот на 2018-та година. Првично договорот беше склучен за прв пат во 2016-та година, имаше за цел да постави биланс на презаситениот пазар и да го стимулира зголемувањето на цените.

Според „ИЕА“ во просек минатата година 14-те земји членки на картелот произведувале по 39,2 милиони барели дневно, почитувајќи ги намалувањата на производството. Спротивно на тоа, американското производство компензира околу 60% од овие намалувања. Со зголемување од околу 600.000 барели дневно, американската индустрија ги надмина „сите очекувања“, соопшти агенцијата.

Цената на европскиот репер „Брент“ се зголеми за околу 50% од падот во јуни 2017-та година, достигнувајќи до над 70 долари за барел во овој месец – за прв пат во последниве три години. Стимул за тоа беа од намалувањата во ОПЕК, геополитичките ризици за снабдувањето, намаленото производство во Венецуела и привремено затворање на цевководи, потсетува „Wall Street Journal“.

„Нафтениот пазар е јасно затегнат“, рече „ИЕА“, истакнувајќи го континуираниот пад на глобалните резерви на нафта.

Агенцијата ги остави своите предвидувања за зголемување на побарувачката за нафта за 2018-та година на 1,3 милиони барели дневно.

Индустријата за шкрилци и помага на САД да ја надминат Саудиска Арабија во производството на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП