19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сте доволно борбени и упорни трагајќи по успехот?

Дали сте доволно борбени и упорни трагајќи по успехот?

Екипата на „Бизнис Инсајдер“ одлучи на едно место да ги собере прашањата кои ќе ви помогнат да откриете дали сте доволно упорни и борбени а воедно и издржливи за да го постигнете успехот?

Тие велат дека најважно е да бидете упорни, да имате желба и волја да продолжите и да бидете упорни дури и кога околностите не се на ваша страна.

Затоа проверете преку овие прашања дали во наведените ситуации ќе потклекнете…

– Можете ли да најдете мотивација да се пријавувате на огласите за работа иако веќе 10 пати сте биле одбиени?

– Имате ли трпение и желба наместо да ја ископирате, да ја прилагодите вашата биографија кон потребите на работното место кое повикува работници преку оглас?

– Дали се информирате за компанијата во која се пријавувате за работа со цел да не ве фатат неподготвени?

– Можете ли да одвоите сила по напорниот работен ден да прошетате со колегите за кои знаете дека многу ќе ви помогнат?

– Можете ли, кога ќе ве заобиколи покачувањето на платите или унапредувањето, да работите и да се трудите двојно повеќе?

– Дали некогаш, знаејќи ги сопствените слаби страни, доброволно сте го научиле или истражиле она што не ви оди од рака?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП