25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Samsung под истрага во Италија

Apple и Samsung под истрага во Италија

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата објави дека покренал истрага врз основа на тврдењата дека Apple и Samsung користеле ажурирање на софтверот со цел да ги забават своите мобилни телефони и да ги поттикнат клиентите на купување на нови модели.

Двете компании не ги известиле клиентите дека ажурирањето на софтверот може негативно да влијае на работата на нивните телефони, нагласија регулаторите.

Напоменуваат дека американската и јужнокорејската компанија можеби прекршиле четири членови од законот за заштита на потрошувачите. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува казна во висина од повеќе милиони евра.

Apple и Samsung се осомничени дека координирано спроведувале „начелна комерцијална пракса во склоп на која го користеле недостатокот на одредени делови за да го скратат векот на траење на своите производи и да ги поттикнат потрошувачите да купат нови верзии“, објаснуваат регулаторите.

Од двете компании не сакаа веднаш да ја коментираат оваа информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП