30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнисмени од Албанија заинтересирани да инвестираат во македонскиот туризам, енергетика и минерални...

Бизнисмени од Албанија заинтересирани да инвестираат во македонскиот туризам, енергетика и минерални суровини

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари работен состанок со бизнис-делегација од американската трговска и индустриска комора во Албанија, предводена од нејзиниот претседател Марк Крафорд.

Бизнис-делегацијата, која во текот на дводневната посета на Република Македонија оствари средби со претставници на повеќе институции, при разговорот со министерот Бектеши покажа интерес за можностите што ги нуди нашата држава за странски инвеститори, како и за воспоставување нови и интензивирање на постојните бизнис-релации меѓу компаниите од двете држави.

Министерот Бектеши ги информираше за поволностите што ги нуди владата за странските инвеститори во и надвор од технолошко-индустриските зони. Според министерот Бектеши, доказ дека условите се одлични е и присуството на голем број компании од САД и Албанија во Република Македонија, додавајќи дека е неопходно да работиме заеднички на зајакнување на соработката како помеѓу компаниите, така и помеѓу институциите од двете држави. Тој ги информираше бизнисмените дека Република Македонија има доставено официјално барање за заедничка царинска управа на двете држави на еден од граничните премини, како и потребата за меѓусебно признавање на фитосанитарните сертификати од двете земји, со цел олеснување на трговијата.

Бизнисмените од американската трговска и индустриска комора во Албанија изразија интерес за инвестирање во повеќе области, како што се туризмот, енергетиката и минералните суровини, а од страна на министерот Бектеши им беа ветени отворени врати за административно-техничка поддршка согласно со постојната регулатива и процедурите за отворање бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП