3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаниел од Ченто го фати крстот во Скопје

Даниел од Ченто го фати крстот во Скопје

Даниел Дончевски од скопската населба Ченто по петти пат го фати крстот во осветените води на реката Вардар. Даниел досега девет пати учествувал на оваа манифестација, а денеска среќата му се насмевна по петти пат.

„Го фаќам крстот по петти пат и сфаќам дека ова не е случајно. Крстот го фаќам секоја парна година и секогаш ми носи среќа“, изјави Дончевски, кој посака многу здравје и среќа за сите верници.

Толпа народ во центарот на Скопје го заобиколи кејот на реката Вардар со цел да биде сведок на фрлањето на крстот во осветените води по повод верскиот празник Богојавление – Водици. На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП