18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУжас на 21-от век: Глад во некогаш најбогатата држава во Латинска Америка

Ужас на 21-от век: Глад во некогаш најбогатата држава во Латинска Америка

Гладните луѓе во Венецуела ги ограбуваат продавниците, поради што многу сопственици ги затворија продавниците или започнаа да се наоружуваат со пиштоли и мачети.

Се стравува дека немирите би можеле да дојдат до престолнината, Каракас, наведува агенцијата Ројтерс.

Сомневајќи се во тоа дека власта може да ги заштити, сопствениците на продавници во гратчето Гарсија де Хевија „ја земаа работата во свои раце“, пренесува Ројтерс.

„Се наоружуваме со палки, ножеви, мачети и огнено оружје за да го одбраниме својот имот“, изјави претседателот на Здружението на локални сопственици на продавници Вилијам Роа.

Поради недостатокот на храна и инфлацијата во земјата, се случија многу грабежи од Божиќ, во кои дури седум лица го загубија животот.

Немирите започнаа најпрвин поради недоволната количина на прасечко за традиционалниот божикен ручек, иако претседателот Николас Мадуро вети дека месото ќе биде обезбедено.

Ограбувачите ги напаѓаат камионите со храна, супермаркетите и продавниците ширум Венецуела, во која живеат 30 милиони луѓе.

Венецуела, некогаш една од најбогатите земји во Латинска Америка, веќе петта година се наоѓа во рецесија и има најголема стапка на инфлација во светот, од околу 2.600 проценти, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП