27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроКредит Банка во поддршка на македонските земјоделци

ПроКредит Банка во поддршка на македонските земјоделци

securedownload

ПроКредит Банка организираше посета за 30 Македонски земјоделци на осумдесеттиот меѓународен саем за земјоделие во Нови Сад, кој се одржуваше од  18 до 24 мај. Meѓу  посетителите учествуваа земјоделци клиенти на ПроКредит Банка од различни региони од земјава, претставници од Федерација на фармери на Македонија, Сојуз на Стопански комори и претставници од медиумите.

Саемот во Нови Сад е еден од најголемите и најзначајните саеми за земјоделците на кој се претставуваат агро индустриски изложувачи од над 50 земји во светот.

,,ПроКредит Банка е посветена на развојот на македонскиот аграр и ова е трета година по ред како што ја организираме оваа посета. Целта е да им се овозможи на земјоделците да воспостават контакти за пласман на производите и да се информираат за новите трендови и технологии во земјоделието и индустријата а воедно и размена на искуства, знаења, информации и контакти со учесниците од меѓународното окружување од агробизнисот ”              – изјави Ристе Андреевски, координатор за кредитирање во земјоделие.

ПроКредит Банка нуди комплетна услуга за македонските земјоделци адаптирани според нивните потреби и сезоналноста на бизнисот по поволни услови. Дел од услугите се кредити за агромеханизација и земјоделска опрема, агро кредити за обртен капитал, кредити за долгорочни инвестиции во земјоделието како и кредитирање за стимул на органско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП