7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Северен поток“ користеше 93% од својот капацитет во 2017-та година

„Северен поток“ користеше 93% од својот капацитет во 2017-та година

„Северен поток“ има постигнато просек на оптоварување од 93% на номиналниот капацитет во 2017-та година и по цевките се доставени 51 милијарди кубни метри во ЕУ, објавија од компанијата „Nord Stream“, која раководи со проектот.

Ова е рекорд за употребата на објектот, кој беше ставен во функција во 2011-та година. Оттогаш по него беа доставени вкупно 205,3 милијарди кубни метри природен гас во Европа.

Компанијата забележува дека со текот на годините има зголемување на искористениот капацитет. Во 2016-та година на пример, се транспортирани 43,8 милијарди кубни метри природен гас, или 80% од номиналниот капацитет на гасоводот. Меѓутоа, во 2015-та година се користеше 71% од капацитетот на „Северен поток“.

Зголемените испораки се мотив за „Газпром“ да побара изградба на уште две цевки по дното на Балтичкото Море. Сепак, постои несогласување околу тоа дали да се дозволи проширувањето на проектот.

„Северен поток“ има капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Оператор на објектот се „Газпром“ со 51%, „Wintershall Holding“ и „E.ON“ со 15,5%, „Gasunie“ и „ENGIE“ со 9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП