19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледната година пристигнува најмоќниот Mustang во историјата (видео)

Следната година пристигнува најмоќниот Mustang во историјата (видео)

Американскиот гигант „Ford“ го најави за 2019-та година новиот „Mustang Shelby GT500“ со најмоќниот мотор во историјата на компанијата.

Иако од „Ford“ не ги открија деталите, директорот за меѓународни операции Џо Хајнрикс ветува дека возилото ќе може да се вози по улиците.

„Ford“ најави дека новиот „Mustang GT500“ ќе има под хаубата 5.2-литарски „V8“ турбо мотор кој ќе биде двојно помоќен од оргиналниот „Shelby Mustang GT500“ од 1967-ма.

Споменатиот „Mustang“ имаше 355 KS, па се очекува дека „GT500“ зa 2019-та ќе има најмалку 710 KS. Се очекува да биде поврзан со десетстепен автоматски менувач и со големи карбон-керамички сопирачки.

Само за споредба, „Mustang GT500“ од 2013-та има 662 KS и 855 Nm вртежен момент. Актуелниот „Shelby GT350R“ има 526 KS и 580 Nm.

Максималната брзина на „Shelby Mustang GT500“ зa 2019-та би требало да изнесува најмалку 320 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП