понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“ продолжува

Проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“ продолжува

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.

Сите заинтересирани пензионери до 15 февруари може да поднесат барање за користење на услугите од двата проекти во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Право на користење на услугите од овие проекти имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

За разлика од претходните, оваа година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава.

Услугата на Бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од март до ноември, во траење од 7 дена и опфаќа: 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта по завршување на користење на услугата.

Заинтересираните, образецот на барањето може да го најдат во сите филијали на Фондот на ПИОМ и на веб-страницата на Фондот на ПИОМ.

Корисниците на пензија коишто ја искористиле услугата на Бањско-климатска рекреација или бесплатен туристички викенд во немаат право да ја користат услугата.

За двата проекта во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година се обезбедени финансиски средства во висина од 35 милиони денари, и 3.000.000 денари за превоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП