8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во чиста енергија достигнаа 333 милијарди долари

Инвестициите во чиста енергија достигнаа 333 милијарди долари

Инвестициите во чиста енергија во 2017-та година се зголемија за 3% на 333,5 милијарди долари, според извештајот на „Bloomberg New Energy Finance“.

Нивото е се уште под рекордот од 360,3 милијарди долари, објавен во 2015-та година, а инвестициите во овој сектор сега достигнаа 2,5 илјади милијарди долари.

Извештајот покажува дека зголемувањето на инвестициите во чиста енергија предизвикува „бум“ во фотоволтаични инсталации во Кина. Австралија и Мексико се во пораст, но инвестициите во обновливите извори се намалуваат во земји како Јапонија, Велика Британија и Германија.

Во последниве години цените на фотоволтаичната опрема се намалуваат – минатата година, трошоците за инсталирана моќност на мегават се за 25% пониски од пред две години, покажуваат анализите.

Така, во 2017-та година, инвестициите во соларни електрани достигнаа 160,8 милијарди долари, што е за 18% повеќе од претходната година. Од нив, 86,5 милијарди долари се инвестиции во „PV“ фабрики во Кина, или 58% повеќе од 2016-та година.

Во азиската земја веќе се инсталирани фотоволтаични панели со моќност од 53 гигавати.

Инвестициите за чиста енергија во Кина изнесуваат 132,6 милијарди долари, што претставува зголемување од 24 отсто. САД се на второ место со речиси 57 милијарди долари инвестиции за обновлива енергија. Американскиот раст е 1%, иако Белата куќа не ја плаши овој енергетски сектор.

Во исто време, инвестициите за чиста енергија во Германија се намалени за 26% на 14,6 милијарди долари, додека во Велика Британија падот е 56% до 10,3 милијарди долари. Севкупно, инвестициите во овој сектор во Европа се намалени за 26% до 57,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП