20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКапучино индексот го сруши митот - Германците сепак не ја плаќаат сметката...

Капучино индексот го сруши митот – Германците сепак не ја плаќаат сметката (инфографик)

Европската унија граѓаните ги чини помалку од една шолја кафе дневно, иако постојат големи и изненадувачки разлики во тоа колку Европјаните од различни земји и плаќаат на ЕУ.

Во новиот ЕУ Капучино Индекс (EU Cappuccino Index) кој го објави Политико рангирани се државите членки со користење на статистички податоци од Унијата за тоа колку граѓаните и плаќаат на ЕУ, односно колку „кафиња со млеко“ ги чини таа.

Со овој индекс срушен е митот дека „Германците ја плаќаат сметката“. ЕУ Германците ги чини 0,84 евра по лице на ден, за половина помалку отколку граѓаните на Луксембург кои за унијата издвојуваат 1,56 дневно.

Инфографик кој ја прикажува цената на чинење по лице за еден ден.

На Италијаните споредбата на ЕУ со кафето можеби најмалку им се допаѓа поради поволното кафе во Италија, наведува Политико, додавајќи дека граѓаните на таа земја ЕУ ги чини нешто повеќе од половина шолја кафе дневно, односно 0,75 евра.

Европската унија Британците, кои се определија за Брегзит, ги чини помалку од многу земји на Унијата – 0,69 евра.

Бугарите најдобро поминаа и плаќаат само 0,18 евра дневно, што е помалку од една петтина од шолја кафе дневно, додава Политико.

Инфографик кој го прикажува процентот од шолја кафе со млеко кој секое лице во ЕУ го издвојува за ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП