25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодина дена подоцна прв пад на инфлацијата

Година дена подоцна прв пад на инфлацијата

Инфлацијата во Велика Британија за прв пат опадна од јуни 2017 година делумно поради поевтинувањето на компјутерските игри и играчките во пресрет на Божиќ, покажуваат официјалните податоци.

Статистичата служба соопшти дека годишната инфлација во декември опаднала на 3,0 проценти, додека во ноември таа изнесуваше 3,1 проценти.

Инфлацијата нагло скокна по одлуката на Британците на референдумот во јуни 2016 година нивната земја да излезе од Европската унија. Таа одлука доведе до пад на вредноста на британската фунта, што поттикна поскапување на увозната стока, меѓу која и храната и нафтата.

Меѓутоа, многу економисти очекуваат пад на инфлацијата оваа година, и тоа кон два проценти што е и целта на Банката на Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП