6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска бара кувари, плата од 2.000 до 2.650 евра

Ирска бара кувари, плата од 2.000 до 2.650 евра

Агенцијата за вработување специјализирана за угостителски активности “Action Recruitment”, моментално прима апликации за готвачи.

Главен и помошен готвач за хотели со 4 и 5 ѕвезди низ цела Ирска, а понудата е повеќе од примамлива – постојан работен однос и плата од 2.000 до 2.650 евра.

Од куварот се очекува да подготвува, готви и да презентира широк спектар на јадења. Управување и координација со помошни готвачи и колеги, креирање на мени, рецепти и други должности кои што се потребни.

И за да аплицирате за овие огласи потребни се најмалку една година кулинарско искуство, позитивен став, можност за преселување во рок од 4 до 6 недели, како и познавање на англиски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП