5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел сака ниски цени на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Брисел сака ниски цени на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Европската комисија организираше состанок на телекомуникациските оператори од регионот на Западен Балкан во Брисел.

“Побаравме од регионалните компании да ја испитаат можноста за намалување на роаминг цените меѓу земјите од Западен Балкан” – вели портпаролката на Европската комисија, Натали Вандајстад.

Тркалезната маса на телекомуникациските оператори од Западен Балкан се одржа во седиштето на Европската комисија во Брисел.

Состанокот беше организиран од страна на комесарката Марија Габриел, задолжена за дигиталната економија и општество и се разговараше за телекомуникацискиот пазар во регионот.

“Бараме од регионалните компании да ги истражат можните опции, како што се доброволните комерцијални или други договори за да се намалат цените на роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан. Компаниите се согласија да разговараат за своите предлози со Комисијата во текот на следните недели”, рече Вандестат.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер побара да се зајакнат односите на ЕУ со Западен Балкан. ЕК меѓу другото, сака да го олесни процесот на промени и да поттикне позитивни случувања на телекомуникацискиот пазар во регионот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја сега претседава со Советот на ЕУ, објави неодамна дека ќе почне да работи на намалување на цените на роаминг во земјите од Западен Балкан, со цел на моделот за целосно укинување на тарифи за роаминг меѓу земјите од ЕУ.

Планот за такви чекори треба да се претстави на следниот самит на ЕУ за Западен Балкан што ќе се одржи во мај во Софија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП