12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Денес облачно со врнежи од дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови облачно и преку целиот ден со врнежи од дожд, а на планините од снег, информира УХМР.

До крајот на денот врнежите ќе се прошират насекаде. На повеќе места во западните делови врнежите ќе бидат обилни. Во текот на ноќта поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен.

И утре на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така што ќе има континуирано зголемување на снежната покривка. Ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе предизвика и значително опаѓање на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП