26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП распродава запленети автомобили и предмети - „Југо“ за 50 евра, „мерцедес“...

УЈП распродава запленети автомобили и предмети – „Југо“ за 50 евра, „мерцедес“ за 2000 евра

Управата за јавни приходи продава движни и недвижни предмети запленети по основа на неплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 26 јануари.

На продажба се нудат дваесетина автомобили и комбиња, компјутери, телевизори, разни видови машини, земјоделско земјиште и деловни објекти.

УЈП нуди на продажба автомобил марка „југо“ со почетна цена од 3000 денари, автомобил „форд“ со почетна цена од 6000 денари, автомобил „мерцедес“ со почетна цена од 107 илјади денари. Листата е достапна на веб-страницата на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП