Европската комисија ја претстави својата „стратегија“ за борбата против пластичното пакување за еднократна употреба. Целта е дека целото пакување од овој тип ќе може да се рециклира до 2030-та година, објавија медиумите.
„Пластиката е фантастична, но не и начинот на кој гледаме, произведуваме и фрламе пластични производи“, објави на „Твитер“ на Европската канцеларија за животна средина.
Оваа амбиција циклусот на животот на пластиката да биде ставен под контрола од почетокот до крајот се поднесува во момент кога земјата лидер во рециклирање – Кина – забрани од 1-ви јануари увоз на 24 категории цврст отпад за рециклирање, меѓу кои се и некои пластики. ЕУ всушност извезува половина од собраната и сортирана пластика, а 85 отсто од нив заминува во Кина.
Во 2016-та година, според кинеските податоци, азискиот гигант увезе 7,35 милиони тони пластичен отпад главно од Европа, Јапонија и САД.
Во ЕУ пластичниот отпад завршува во печки за производство на енергија (39 проценти), на отпадите (31 отсто) или се рециклира (30 проценти), според податоците на Европарламентот и Европската комисија.
Оваа „стратегија“ на Европската комисија, која сè уште не е специфичен законски предлог, има за цел решавање на проблемите од различни агли: економски, доброволни мерки, мерки за поддршка.