За сума од приближно 20 илјади евра или 1 милион и 227 илјади евра без ДДВ, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги тренира вработените.
Kaко што е објавено на „Е-набавки“, станува збор за 3 тренинзи за вработените, кои ќе се организираат во Битола и Берово за периодот од февруари до април 2018 година. Тренинзите се за реорганизација на вработените, за јавни политики и програмата „Пост Еразмус“.
Според тендерската документација, избраната агенција на огласот треба да обезбеди превоз за учесниците од Скопје до Берово за 32 лица, да изнајми хотел со полни пансиони, ангажирање тренер од Дрезден, изнајмување сала, техничка опрема и логистичка поддршка. Вториот тренинг, кој ќе се одржи во Битола, е за 35 лица, а третиот за 40 вработени. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.