29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia ќе лансира огромен кросовер (фото+видео)

Kia ќе лансира огромен кросовер (фото+видео)

Компанијата „Kia“ го подготвува излегувањето на пазарот на сериската верзија на 5-метарскиот концепт кросовер „Telluride“, кој дебитираше во 2016=та година, соопшти весникот „Go Auto“, повикувајќи се на главниот дизајнер на корејскиот производител Петер Шрајер.

Детали за автомобилот засега не се објавени, но неговото излегување на пазарот беше потврдено и од шефот на канцеларијата за дизајн на „Kia“ во Европа – Грегори Гијом. Тој призна дека теренецот ќе се нуди и на пазарите надвор од Северна Америка, најмногу на оние на кои има (или имало) сериозен интерес за моделот „Mohave“.

Димензиите на прототипот „Telluride“ се должина 5001 мм, ширина од 2029 мм и висина од 1800 мм. Теренецот располага со 3 реда седишта, а во неговата основа е модернизираната платформа на кросоверот „Sorento“.

Прототипот прикажан во 2016-та година беше опремен со хибридна погонска единица. Таа вклучува бензински „V6“ мотор кој развива 270 КС и електричен мотор од 130 КС. Концептната машина ги доби сите дигитални уреди, екрани на вратата, како и систем за следење на патниците и возачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП