4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Договор со Кина или трговска војна

Меркел: Договор со Кина или трговска војна

merkel2

Германската канцеларка Ангела Меркел денес изрази желба да се постигне договор со Кина за воведувањето на тарифи на увозот, со што би била избегната штетната трговска војна.

Меркел истакна дека Германија што е можно побрзо ќе работи на решението на спорните прашања, како што изјави, не верува дека воведувањето на тарифите ќе и помогне на некоја страна.

„Во наредните шест месеци треба интензивно да работиме и Германија ќе направи се што е потребно во разговорите да биде постигнат договор“, нагласи Меркел.

Кинескиот премиер Ли Кекијанг, кој е во посета на Германија, изрази незадоволство зошто ЕУ започна голем број на истраги поради кинеските цени во неколку области.

Кекијанг нагласи дека секој обид за наметнување на тарифи ќе биде сметан како протекционистички и ќе им наштети на потрошувачите.

ЕУ сака да воведе данок за кинеските соларни плочи и телефонската опрема, како резултат на обвиненијата дека таа неправедно се однесува кон конкуренцијата.

Европскиот комесар за трговија Карел де Гухт предложи воведување на данок од околу 47 проценти на увозот на соларни плочи и очекува дека одлуката ќе биде донесена наредниот месец.

Претставниците од Кина сметаат дека со воведувањето на ваквиот данок ќе страдаат и двете страни, а воедно ќе се наруши и трговскиот однос помеѓу Кина и Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП