19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го забранува тргувањето со криптовалути

Кина го забранува тргувањето со криптовалути

Иако претставува место каде постои најголемата заедница на луѓе кои рударат криптовалути, Кина планира да воведе забрана на тргувањето со биткоин и другите виртуелни валути на домашните берзи.

Започнувајќи од септември изминатата година, властите во Кина донесуваа одлуки со кои се обидуваа да го регулираат пазарот на криптовалути, како и самиот процес на рударење. Причините за ваквата одлука не се јасно искажани, но се претпоставува дека челниците на Кина сакаат да имаат поголема контрола над нестабилниот финансиски систем. Исто така, дигиталните валути претставуваат лесен начин парите да се извадат надвор од Кина, што може да биде една од причините поради кои кинеските власти ја воведуваат забраната.

Меѓутоа, Кина сепак не е против криптовалутите. Народната банка на Кина изврши пробна работа на сопствениот прототип на криптовалута, бидејќи цели да стане прва централна банка која издава дигитални пари.

Многу луѓе кои се бават со рударење доаѓаат во Кина поради евтината електрична енергија, локалните фабрики за чипови и евтино платениот труд. Меѓутоа, по одлуката на кинеските власти, многумина се одлучија да ги преместат своите машини за рударење во други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП