26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрендот Whole Foods ја поттикнува продажбата на храна на Amazon

Брендот Whole Foods ја поттикнува продажбата на храна на Amazon

Брендирани производи со марката „Whole Foods“ и помогнаа на „Amazon“ да генерира поголема продажба на храна во САД во минатата година.

Производите со овој бренд придонесоа за зголемување на приходите од онлајн услугата за храна на „Amazon“, наречена „Amazon Fresh“. Растот е од 35% на 135 милиони долари во последните четири месеци од 2017-та година во споредба со претходниот четиримесечен период, според „One Click Retail“.

Да потсетиме дека „Amazon“ минатото лето ја купи компанијата „Whole Foods“.

Најдобро продаваните производи вклучуваат органски бебешки спанаќ, рендан пармезан, пушена сланина и други, велат аналитичарите.

„Amazon“ гради сопствена услуга за достава на храна за да зграби поголем дел од овој поконкурентен пазар.

Компанијата продаде природна и органска храна за околу 11 милиони долари во минатата година. Сепак, износот е мал во споредба со продажбата на конкурентите супермаркети.

Органските брендови на „Kroger“ генерираа речиси 2 милијарди долари приходи од продажбата во минатата година, додека „Albertons Cos.“ објави овој месец дека неговата органска линија заработува 1 милијарда долари годишни приходи од продажба.

Но, аналитичарите од индустријата велат дека производите на „Whole Foods“ и помагаат на „Amazon Fresh“ да се натпреваруваат со онлајн компаниите за продажба на храна.

Интернет нарачките за храна претставуваат помалку од 3% од пазарот од 800 милијарди долари. Аналитичарите очекуваат овој удел да расте со двоцифрена брзина во текот на следните пет години.

„Amazon“ минатата година во САД продаде храна за околу 2 милијарди долари, според „One Click“. Само 350 милиони од нив дојдоа од услугата „Amazon Fresh“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП