20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција сака построги правила за криптовалутите

Франција сака построги правила за криптовалутите

Министерот за економија и финансии на Франција, Бруно Ле Мер изјави дека сака нови прописи, насочени кон виртуелните валути, за да престане нивното користење за заобиколување на даночните закони, финансирање на тероризмот и други злосторства, јави „AP“.

Ле Мер изјави во сеопфатниот говор дека му е доделено на поранешен централен банкар да развие евентуални нови правила и да ги предупреди за „ризиците од шпекулации и можна финансиска манипулација“, поврзани со биткоинот и другите криптовалути.

Кабинетот на министерот не обезбеди детали за можната содржина на новите правила.

Регулаторните тела во целиот свет заземаат поцврст став спрема дигиталните валути во позадина на драстичниот раст на нивната вредност, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП