19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследните 1.500 страни страдање, Грција се враќа?

Последните 1.500 страни страдање, Грција се враќа?

Грчките пратеници го усвоија новиот пакет мерки кои ги бараат кредиторите од земјата, и покрај штрајковите и протестите кои предизвикаа големи застои на сообраќајот во Атина.

Предлог законот е изгласан со 154 гласови за, со 141 против и 5 воздржани додека во текот на вчерашниот ден повеќе од 6.000 лица демонстрираа во главниот град на различните манифестации против реформите, наведе полицијата.

Новите реформи вклучуваат заострени услови за синдикатите кои сакаат да штрајкуваат, забрзана процедура за заплена на имот и ограничување на помошта за семејствата. Тие се клучни за Грција да добие пари од програмата за помош.

Премиерот Алексис Ципрас, избран во 2015 година врз основа на програмата на неговата левичарска партија Сириза, ги отфрли критиките пред пратениците кои главно му ги упатија синдикатите.

Новиот закон за мерките за штедење има повеќе од 1.500 страни и најверојатно ќе биде последниот пакет за намалување на трошоците и реформи пред програмата за помош на Грција да биде формално завршена во август.

Грција од 2010 година зависи од вонредните кредити кои главно ги обезбедуваа членките на еврозоната.

Атина се надева дека од август ќе биде во состојба во целост да се финансира на пазарот.

„Денешното гласање ќе биде пресудно да се забрза излезот на земјата од планот за помош за седум месеци“ изјави вчера Ципрас непосредно пред гласањето пред пратениците.

По усвојувањето на новите мерки Атина се надева дека европските министри за финансии на 22 јануари ќе ја одобрат исплатата од најмалку 4,5 милијарди евра помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП