29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMetro објави посилна продажба во Германија, но исто така и пад во...

Metro објави посилна продажба во Германија, но исто така и пад во Русија

Германскиот ланец на маркети „Metro“ објави забавување на продажбата на својот руски бизнис за време на важниот божиќен квартал. Сепак, компанијата забележа подобрување во споредбената продажба од нејзината главна германска големопродажба, а нејзините хипермаркети исто така се стабилизираа, објави „Ројтерс“.

Бизнисот на „Metro“ во Русија традиционално учествува со голем дел од оперативниот профит. Претпријатието претходно размислуваше да го продаде бизнисот пред кризата во Украина и санкциите против Москва кои ја погодија руската економија.

„Тоа слабо претставување во Русија ќе ги засени придобивките од најсилната споредлива продажба во Германија и на други места“, вели аналитичарот на „Bernstein“, Бруно Монтејне, истакнувајќи дека кварталот претставува околу половина од годишниот оперативен профит.

Акциите на „Metro“ се намалија за 1,9% наутро – еден од најголемите падови кај трговските друштва во Европа.

„Metro“ предвидува посилна профитабилност, откако го раздели својот синџир на потрошувачка електроника „Cecomony“ минатиот јули. Компанијата ќе обезбеди целосни податоци за првиот квартал од финансиската година 2017/18 на 13-ти февруари.

„Metro“ која управува со продавници за трговија на големо во 35 земји, како и проблематичните хипермаркети „Real“ во Германија, забележа раст на продажбата од 0,1% до 10,1 милијарди евра, што е сосема малку под оценката на аналитичарите анкетирани од „Томсон Ројтерс“, за 10,2 милијарди долари.

Севкупно, споредбената продажба се зголеми за 0,8% и покрај помалиот број на денови на тргување во кварталот. Годишната прогноза на компанијата „малку надминува“ 0,5% раст во текот на изминатата година.

Главниот извршен директор Олаф Кох изјави дека податоците соодветствуваат на годишните предвидувања кои предвидуваат раст на продажбата од најмалку 1,1% – ниво постигнато во финсниската година 2016/17.

Големопродажниот бизнис во Германија бележи пораст во споредливите продажби од околу 2%, но во Русија има пад од 9%. Реалната продажба на „Real“ останува непроменета, откако 9 од 281 продавници се реновирани за да постават посилен фокус на свежа и органска храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП