7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраматичен пад на цените на недвижнините во Италија

Драматичен пад на цените на недвижнините во Италија

Италија е единствена земја од ЕУ во која цените на недвижнините паѓаат, а градежниот сектор, практично е на колена, покажуваат податоците на Евростат.

Италијанскиот пазар за недвижнини преплавен е со станови и куќи од должници кои не успеале да ги отплатат стамбените кредити на банките. На квартално ниво, цените се помали за 0,5 проценти, додека на годишно ниво падот изнесува 0,8 проценти.

Реалните цени на становите и куќите во Италија се во константен пад од 2007 година и сега се за 23 проценти пониски отколку пред десет години.

Италија е единствена членка на ЕУ во која цените на недвижнините ослабнаа минатата година, покажуваат и последните податоци на Евростат.

Лошата ситуација на пазарот за недвижнини се одразува на перцепцијата за економската состојба меѓу граѓаните – 80 проценти од анкетираните сметаат дека и економската ситуација во земјата е лоша.

Аналитичарите сметаат дека ситуацијата е „данок за маѓепсаниот круг од лоши банкарски кредити“.

Лошите кредити на претпријатијата кои се вложени во недвижнини во моментот имаат најголем удел од сите останати сектори, кои изнеусваат 42 проценти.

Освен тоа, продажбата на овие лоши кредити на претпријатијата е многу побавна отколку кај останатите должници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП