20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на патиштата кај Штип и Страцин

Магла на патиштата кај Штип и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информираат утрово од Авто-мото сојузот на Македонија. Слаб дожд врне во Струга, Кичево и на планинскиот премин Буково.

Оттаму соопштуваат дека намалена видливост од 50 – 100 метри поради магла има во Штип и Страцин.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП