3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на пилот проектот „Механичар за машина за шиење во Штип“

Презентација на пилот проектот „Механичар за машина за шиење во Штип“

aivo-orav-645x360

Шефот на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорите на европските земјите-членки Холандија, Обединетото Кралство, Словачката Република, Грција, Франција и Италија, денеска во Штип ќе се запознаат со активностите што се дел од пилот-проектот „Механичар за машина за шиење“.

Пилот проектот беше развиен во рамки на твининг проектот финансиран од ЕУ „Поддршка за градење на капацитетот на Центарот за образование за возрасни и развој на образовни програми за возрасни, за описменување и  завршување на основно образование на социјално исклучените лица“.

„Механичар за машина за шиење“ е еден од дванаесетте тековни пилот-програми со кои раководи Центарот за образование за возрасни во рамки на твининг проектот финансиран од ЕУ. Оваа обука е резултат на истражувањето што беше спроведено за текстилната индустрија како главна економска дејност во Штип.

Проектот спроведе проценка која покажа дека постои недостаток од оспособеност за одржување и поправка на големата залиха машини за шиење поради големите ограничувања што ги наметнува производството. Врз основа на ова беше изработен опис на работното место со дефинирани работни задачи и потребни знаења. Пилот-програмата беше потврдена од државна комисија која ги вклучува Агенцијата за вработување и стопанските и занаетчиските комори.

Програмата ја изработи и ја спроведува ПолиПроект Инженеринг, трае 300 часа и во неа учествуваат десет учесници.  Дел од практичната работа се одвива во две текстилни фабрики во Штип. Проектот се спроведува во соработка со француски експерти кои се задолжени за дизајнирање на обуката и за подучување на вклучениот персонал. Центарот за образование за возрасни е должен да го следи и да врши контрола на квалитетот на процесот, како и да ги спроведе процедурите за акредитација и за верификација на програмата.

По завршувањето на обуката, Центарот за образование за возрасни ќе издаде сертификат за стекнати вештини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП