13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно и ветровито време

Денес променливо облачно и ветровито време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во крајните западни делови со врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од уравата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Во текот на утрешниот ден времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови облачно и преку целиот ден со врнежи од дожд. До крајот на денот врнежите ќе се прошират насекаде. На повеќе места во западните делови врнежите ќе бидат обилни. Во текот на ноќта поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен.

И во четврток на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така што ќе има континуирано зголемување на снежната покривка. Ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе предизвика и значително опаѓање на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП